„Кулушевски ми го подари дресот на Јувентус откако истакнав македонско знаме“

Од:

Дејан Кулушевски ја избра Шведска за репрезентација за која ќе настапува, но срцето уште му трепери кога ќе види македонско знаме. Тој му го подари дресот со кој играше на мечот Ференцварош – Јувентус во Будимпешта на охриѓанецот Марјан Кикески, кој живее и работи во Унгарија.

„Морам ова да го споделам затоа што многу големо задоволство ми направи Кулушевски. По завршување на натпреварот Кулушевски кој не влезе во игра со уште неколку фудбалери и членови на стручниот штаб тренираа на теренот. Тогаш, јас го извадив македонското знаме, Кулушевски веднаш го забележа, дојде кај мене и ми ги подари дресот. Ме направи многу среќен човек и немам зборови со кои можам да му се заблагодарам“, напишал Кикески на социјалните мрежи, а пренесува „Охрид Њус“.

Јувентус славеше убедливо на дуелот против Ференцварош со 1-4.

Би можело да ве интересира

Алардајс бара клубовите да ги бојкотираат социјалните мрежи поради расизмот

Жарко Настоски

Милан не сака размена на играчи со Јувентус

Жарко Настоски

Бразилски прволигаш бесплатно ќе ги вакцинира своите навивачи

Жарко Настоски

Силекс и Академија Пандев ќе играат во финалето на Купот на Македонија

Жарко Настоски

Победи на Реал Мадрид и Манчестер Сити во Лигата на шампионите

Жарко Настоски

На натпреварите од Европското првенство во Италија ќе има гледачи

Жарко Настоски