Кулибали може да го напушти Наполи доколку тимот не се пласира во ЛШ

Од:

Дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали може да го напушти тимот во случај да не се обезбеди учество во Лигата на шампионите на крајот на сезоната 2020/21, објави на својот Твитер новинарот Николо Шира.

Според добриот познавач на италијанскиот фудбал, Манчестер јунајтед и Евертон се заинтересирани за 29-годишен Сенегалец.

Објавено е дека „наполитанците“ сакаат да добијат 60 милиони евра во случај на продажба на фудбалерот.

Во сезоната 2020/21, Кулибали одигра 31 натпревар за Наполи, постигнувајќи еден гол. Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на играчот на 50 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски