Кривопаланечките кошаркарки до 16 години денес ќе се борат за бронза

Од:

Кошаркарките од КК “Крива Паланка” до шеснаесет години по поразот во полуфиналниот натпревар вчера, против ЖКК „Бадел 1862“, Скопје на вториот ден од државниот финален турнир во нивната конкуренција ќе играат во мечот за трето место.

КК „Крива Паланка“ вчера и денес е домаќин на турнирот што се одигрува во спортска сала “Бранители 2001” за најдобрите четири екипи во женска конкуренција за девојчиња родени 2003/04 година: ЖКК “Струга 2009”, Струга, КК “Крива Паланка”, ЖКК “Бадел 1862” Скопје и ЖКК “Гостивар” од Гостивар.

Во првиот полуфинален натпревар вчера Паланчанки беа поразени од Скопјанки, додека Стружанките беа подобри од врсничките од Гостивар.

Денес во натпреварот за трето место, закажан за 17 часот ќе се надигруваат кошаркарски клуб “Крива Паланка” и ЖКК „Гостивар“, а во финалето за шампионската титула ќе се сретнат ЖКК „Струга 2009“ и ЖКК „Бадел 1862“ и ќе се одигра со почеток во 19 часот.

Од кошаркарскиот клуб Крива Паланка ги поканија сите граѓани, сите љубители на спортот да присуствуваат на натпреварите и да ги бодрат кошаркарките.

Би можело да ве интересира

Бадел домаќин на Нирнберг од Германија

Ана Ололовска

Кошаркарките сместени во четвртиот шешир за ждребот за групите за ЕП 2021

Ана Ололовска

Шпанките ја одбранија титулата на ЕП

Ана Ололовска

ЖКК Бадел 1862 ќе се натпреварува во женската кошаркарска лига WABA

Ана Ололовска

Струга државен шампион за кошаркарки до 16 години

Ана Ололовска

Утре во Кисела Вода ќе се игра женско кошаркарско дерби

Ана Ололовска