Кристијано Роналдо стана најдобар стрелец во историјата на фудбалот

Од:

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо синоќа постигна гол против Наполи (2:0) во Суперкупот на Италија. Овој погодок беше 760. за Португалецот на официјални натпревари за клубови и репрезентацијата на Португалија. Така, Роналдо го сруши светскиот рекорд за Чехот Јозеф Бикан, кој ја погоди мрежата на противниците 759 пати од 1931 до 1955 година.

Претседателот на Португалската фудбалска федерација (ФПФ) Фернандо Гомеш му го честиташе рекордот на предводникот на репрезентацијата.

– Срдечно му честитам на Кристијано за освојувањето на Суперкупот на Италија и за новиот рекорд. Кариера полна со успех, титули, почести и одликувања. Само одличен играч како тебе може да го направи ова. Честитки, капитене, напиша Гомеш на веб-страницата на ФПФ.

Во декември, португалскиот напаѓач го престигна легендарниот Бразилец Пеле (757 голови).

Би можело да ве интересира

Роналдо не е е задоволен во Саудиска Арабија-ќе се враќа во Португалија

Предраг Петровиќ

Словенецот кој го бакна Роналдо сред терен ќе мора да плати 1000 евра

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Роналдо нема мир во Љубљана: Навивач истрча на терен да направи селфи

Горан Наумовски

Навивач сакал да го удри Роналдо, реагирало обезбедувањето

Роналдо им се извини на Саудијците откако се фаќаше за меѓуножјето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Роналдо им одговори со вулгарен гест на Саудијците кои извикуваа „Меси, Меси“

Предраг Петровиќ