Кристијано Роналдо го напушта Манчестер Јунајтед

Од:

Кристијано Роналдо со меѓусебен договор ќе си замине од Манчестер Јунајтед, соопштија од клубот.

Во соопштението на Твитер, клубот му се заблагодари за неговиот „огромен придонес во двaта периода минати на Олд Трафорд“.

„Клубот му се заблагодарува за неговиот огромен придонес на Олд Трафорд, постигнувајќи 145 гола на 346 натпревари и му посакува добро на него и на неговото семејство во иднина. Сите во Манчестер Јунајтед остануваат фокусирани на продолжување на напредокот на тимот под водство на Ерик тен Хаг и да работат заедно за да постигнеме успех на теренот“, велат од клубот.

Роналдо додаде: „По разговорите со Манчестер Јунајтед заеднички се договоривме предвреме да го завршиме нашиот договор.

„Го сакам Манчестер Јунајтед и ги сакам навивачите, тоа никогаш нема да се промени. Сепак, се чувствувам како вистинско време за мене да барам нов предизвик. На тимот му посакувам успех во остатокот од сезоната и во иднина“ рече Роналдо.

Би можело да ве интересира

Словенецот кој го бакна Роналдо сред терен ќе мора да плати 1000 евра

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Роналдо нема мир во Љубљана: Навивач истрча на терен да направи селфи

Горан Наумовски

Навивач сакал да го удри Роналдо, реагирало обезбедувањето

Роналдо им се извини на Саудијците откако се фаќаше за меѓуножјето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Роналдо им одговори со вулгарен гест на Саудијците кои извикуваа „Меси, Меси“

Предраг Петровиќ

Ирански весник ја цензурираше сопругата на Роналдо- и го „срамни“ задникот