Кралот конечно крунисан, Мајами шампион

Од:

Кошаркарите на Мајами Хит вторпат во клупската историја ја освоија шампионската титула во НБА лигата, откако синоќа во натпреварот број 5 во финалето во Американ Ејрлајнс Арена во Мајами пред 20 илјади гледачи ја совладаа Оклахома Сити со 121:106 и со вкупни 4-1 во победи заслужено дојдоа до вредниот трофеј.

По пораз во финалето од Далас минатата година, тимот на Мајами ги оправда огромните вложувања во последните неколку години.

За најдобар играч на финалето е прогласен Леброн Џејмс, а беше и МВП и на регуларниот дел од сезоната, кој на последниот натпревар имаше трипл – дабл учинок со 26 поени, 11 скокови и 13 асистенции.

Комплетниот тим на Жешките одигра еден добар натпревар, па така Крис Бош постигна 24 поени, Двејн Вејд имаше 20, а Мајк Милер 23 со седум постигнати тројки од осум обиди.

Кај поразената екипа Кевин Дурент постигна 32 поена, а Расел Вестбрук 19.

„Ова е најсреќен ден во мојот живот. Сега се добива смисла… Ми беше многу тешко кога заминав од Кливленд, тогаш решив да се преселам во Мајами во поход по првиот трофеј. Ланската сезона заврши со големо разочарување, но денеска можам да кажам дека сум го направил вистинскиот избор. Оваа титула ми е најдрагоцено нешто во животот, а денешниот ден сигурно ќе го паметам до крајот на животот“, изјави Леброн Џејмс, кој беше избран и за МВП на финалето.

Би можело да ве интересира

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа

Лејкерси го „прегазија“ ривалот, тргнаа по титулата

Предраг Петровиќ