Крај на сезоната за капитенот на Ливерпул

Од:

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда на левото колено, изјави менаџерот на тимот од „Енфилд“, Јирген Клоп.

Хендерсон се повреди во второто полувреме од натпреварот против Брајтон, кој се одигра во средата, во кој „црвените“ како гости славеа со резултат 3: 1.

Вториот гол во тој натпревар за новиот шампион на Англија го постигна Хендерсон.

Клоп изјави дека на искусниот играч од средниот ред нема да му треба операција.

– Тој нема да игра повеќе оваа сезона, но јас сум прилично сигурен дека тој ќе ја започне следната, рече Клоп.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат