Кожув домаќин на Куманово во македонското дерби во БИБЛ

Од:

Македонското дерби во регионалната кошаркарска Балканска лига (БИБЛ) му припадна на Кожув кој славеше победа во дуелот против Куманово.

На средбата одиграна во Гевгелија, а во рамките на групата А во БИБЛ лигата, кошаркарите на Кожув го победија Куманово убедливо со 18 разлика (89-71).

Домаќините беа сигурни во сите четири периоди кои ги добија со 22-13, 18-17, 25-21 и 24-20.

Српскиот интернационалец Миливоје Мијовиќ со 22 и Американецот, Кенион МекНил со 21 поен, беа најефикасните кошаркари во победничката екипа, додека кај гостите од Куманово, Днило Мијатовиќ средбата ја заврши со 20 постигнати поени.

Кожув и Куманово веќе утре ќе одиграат нов натпревар и тоа во рамките од 9. коло на кошаркарскиот шампионат на Македонија.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ