Во регионалната кошаркарска Балканска лига денеска на програмата е македонското дерби меѓу Кожув и Куманово.
Во натпреварот кој е во рамките од А групата, а ќе се игра во Гевгелија со почеток од 19 часот, домашниот тим е пред императив на победа, доколку сака да ги сочува шансите за пласман во следната фаза во која веќе место има осигурано Куманово, како и Фени Индустри кој синоќа во Кавадарци ја совлада екипата на Сутјеска убедливо со 80-55 со што кавадаречката екипа се врати на првото место на табалета во А групата.
Вчера, во рамките од истата група, Карпош Соколи славеше победа на гостувањето кај Тирана со 100-83.
Македонското дерби од А групата меѓу Кожув и Куманово ќе се игра утревечер во Гевгелија со почеток од 19 часот.