Кошаркарките во „меурот“ во Рига засилени со Бонер и со Митрашиновиќ

Од:

Женската сениорска репрезентација ги одработи подготовките во Охрид. Од денеска нашите најдобри кошаркарки се во главниот град на Летонија, Рига, каде ќе ги играат наредните две средби од квалификациите за пласман на Еворбаскетот 2021 година.

На последниот ден од престојот крај Охридското Езеро, селекторот Владимир Ѓоровиќ го формираше составот со кој ќе се обиде да направи подобар резултат во однос на оние почетните во групата „И“ од евроквалификациите.

За средбите со Хрватска, а потоа и со Германија, Ѓоровиќ одбра 11. кошаркарки. На оние десет кои ги поминаа седумдневните подготовки во Охрид, непосредно пред заминувањето за Софија, а потоа и за Рига, се приклучи и капитенот на националниот тим, Анџелика Митрашиновиќ.

„За жал, од здравствени причини, не можеме да сметаме на некои кошаркарки како Софија Лазареска, која мораше да остане во Италија, и Драгана Јоловиќ, која беше со нас во Охрид, но исто така ќе го пропушти овој турнир во Рига“ – појаснува Ѓоровиќ за и околу конечниот избор за она што следува во текот на оваа седмица.

На 12. ноември, дуелот со селекцијата на Хрватска, а два дена подоцна, на 14. ноември, и оној против репрезентацијата на Германија.

„И овојпат не можеме да сметаме на комплетен ростер. Но радува тоа што во овие неколку дена пред првиот натпревар ќе имаме можност да се воиграме со Бонер и со Митрашиновиќ, за која овие тренинзи во Рига ќе бидат први во овие квалификации со останатиот дел од тимот“- дополнува селекторот.

Би можело да ве интересира

Претепани две жени – тројца мажи им влегле со дрва и шипки во дворот, се заканувале со убиство и при апсењето

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ