Кошаркарките се комплетираа пред стартот на евроквалификациите

Од:

Македонската женска кошаркарска репрезентација во полн состав го одработи вечерашниот тренинг во Скопје пред стартот на квалификациите за Европското првенство, откако капитенот Анџелика Митрашиновиќ и натурализираната Американка Девана Бонер им се приклучија на останатиот дел од екипата.

За премиерниот натпревар во евроквалификациите против Германија во Хале на 11 ноември, селекторот Александар Ашаданов и неговите асистенти, Јелена Антиќ и Атанас Димов го дефинираа списокот со 12 кошаркарки.

-Во изминатите неколку денови, имавме проблеми околу формирањето на финалниот ростер. За жал, не можам да сметам на некои кошаркарки за кои мислам дека можат да придонесат за уште подобар настап на почетокот на квалификациите за Евробаскетот. Но, здравствената ситуација, која лекарскиот тим ја потврди кај некои играчи, не ни дозволува да тренираме и да играме со планираните сили, изјави Ашаданов.

Селекторот, сепак, додаде дека радува присуството во репрезентацијата на Митрашиновиќ и Бонер.

-Дефинитивно, тоа е од големо значење за нашите планови. Во ова кратко време кое е пред нас, ќе се обидеме да поставиме некои елементи од кошаркарската игра кои имаме намера да ги реализираме на овие два натпревара. Прво со Германија, а потоа и на домашен терен во Скопје, против Босна и Херцеговина. Ќе видиме како сето тоа ќе функционира, додаде Ашаданов.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ