Кошаркарите од Евролигата бараат отстранување на рекламите од паркетот поради опасност од повреди

Здружението на професионални кошаркари во Евролигата, упати барање до раководството на натпреварувањето, да ги отстранат рекламните лепенки од теренот бидејќи се потенцијална опасност за повреди.

Со играчите се сложува и и тренерот на Химки, и поранешен кошаркар Римас Куртинаитис.

– Многу години по ред предупредувам за овој проблем. Порано рекламните лепенки беа за еднократна употреба, се лепеа и не се вадеа цела сезона. Сега се случува честа нивна промена и тоа остава белег. Според мое мислење, 80 отсто од повредите на играчите се како резултат од лизгање по нив. Тренерите и самите кошаркари многу зборуваат за тоа, но никој не нѐ слуша. Јас сум за целосно отстранување или враќање на налепници за еднократна употреба. Да, тоа е поскапо. Но, кога клубот плаќа за кошаркар многу пари, а потоа го губи заради технички проблеми, тоа е крајно глупаво, изјави Куртинаитис.

Би можело да ве интересира

ЦСКА му понуди нов договор на Итудис

Ана Ололовска

Итудис подготвен да го продолжи договорот со ЦСКА

Ана Ололовска

Клајберн прогласен за МВП на „Фајнал фор“ во Евролигата

Ана Ололовска

Тренерот на Ефес ги спореди учесниците на Ф4 со најдобрите НБА-лигаши

Ана Ололовска

Евролига: ЦСКА го детронира Реал Мадрид по неверојатен пресврт

Ана Ололовска

Ефес го победи Фенербахче и се пласираше во финалето на Евролигата