Иако за тоа се уште нема официјална потврда од „Шевролет“, медиумите тврдат дека осмата генерација на најпопуларниот американски спортски автомобил „Корвета“, ќе има централно сместен мотор.
Уште пред неколку години првиот човек на инженерскиот сектор на „Шевролет“, во кој се задолжени само за „Корвета“, изјави дека со моделите со В8 мотор над предната осовина го достигнале максимумот, мислејќи притоа на вкупните перформанси и управувањето на спортскиот автомобил со концепт на мотор со преден или заден погон.
Без оглед на негодувањето на традиционалистите, кои мислат дека „Корвета“ треба да има долг преден капак на моторот и кратка „опашка”, за да остане рамо до рамо со конкуренцијата, „Шевролет“ наводно решил во осмата генерација на „Корвета“ В8 мотор да биде сместен зад седиштата на возачот и совозачот.
Судејќи според последните информации, кои се темелат на шпионски фотографии на тестираните прототипи, работите околу изгледот на „Корвета Ц8“ со централно сместен мотор и не се толку лоши.
Предниот капак на автомобилот навистина е многу покус, но автомобилот и натаму има одлични вкупни пропорции. Многумина се согласуваат дека поради неколку каросериски детали Ц8 е згодна еволуција на актуелниот модел Ц7.
Познавачите на приликите околу развојот на новата „Корвета“ тврдат дека последните понудени фотографии се најблиски на тоа што „Шевролет“ премиерно ќе го престави идната година на Саемот за автомобили во Детроит.