Конте: Одлуката на УЕФА за службен пораз е неправедна

Од:

Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте, го сподели своето мислење за доделувањето службен пораз на тимот во натпреварот против Рен (0:3) во 6. коло од групната фаза на Конференциската лига.

– Оваа одлука е неправедна. Целиот свет знае дека се соочуваме со толку голем проблем како што е Ковид. Не игравме по наша вина, туку затоа што имавме многу играчи со позитивни тестови, а владата реши да ги прекине нашите тренинзи и да го затвори тренинг центарот. Да бидам искрен, одлуката што ја донесе УЕФА е неверојатна за мене, клубот и нашите навивачи. Ова е дефинитивно неправедно. Ќе се бориме против оваа одлука. Сакаме да се бориме за учество на турнир на фудбалски терен, а не на суд, истакна Конте за британските медиуми.

Претходно УЕФА пресуди дека натпреварот Рен – Тотенхем не се одиграл по вина на Британците и тие добија службен пораз од 0:3.

Така Рен со 14 бода стана победник во групата Г и се пласираше во плеј-офот од Конференциската лига. Тотенхем со седум бода заврши на третото место во групата и не се пласираше во следната фаза.

Би можело да ве интересира

Белорусите пристигнаа во Србија на квалификацискиот меч, а УЕФА планира да ги исклучи

Предраг Петровиќ

УЕФА исфрли 11 клуба од Европа, четири од Балканот

УЕФА одговорна за инцидентите во финалето на ЛШ во Париз

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

Дали ЕУ ќе ја „убие“ Европската суперлига?