Конте: Лукаку може да го подобри Интер

Од:

Тренерот на Интер, Антонио Конте, предупреди дека неговиот тим мора да работи во секој аспект од играта по поразот со 0:1 од Манчестер Јунајтед во предсезонскi контролен меч, одигран порано во текот на денот.

Во исто време, италијанскиот стратег смета дека напаѓачот Ромелу Лукаку може да го подобри тимот.

„Нероазурите“ можеа да го изедначат резултатот на двапати, но на крајот голот на Мејсон Гринвуд беше доволен за победа на тимот на Солскјер.

– Позитивните работи што ги видов беа дека играчите беа гладни за успех. Ги погодија на два пати гредите, но има многу да се надополни во поседот на топката и пресингот. Момчињата имаат добар дух, што е важно за време на подготовките. Имаме интензивни вежби и тоа е убаво, изјави Конте на пресот по мечот.

Тренерот објасни дека не е задоволен од оптоварената програма на „Интернешнл чемпионс куп“, откако по четири дена играат против Јувентус.

– Ние мора да работиме во секој аспект, а ние исто така имаме малку време да се опоравиме. Потребни се такви натпревари, но треба да тренираме уште подобро, вели тој.

Конте беше фатен по крајот на натпреварот како зборува со Пол Погба и Ромелу Лукаку, а вториот е предмет на интерес од Интер.

– Не е во ред да зборуваме за Манчестер Јунајтед во овој момент. Треба да покажеме почит кон клубот и играчите. Ви реков вчера дека Лукаку е играч што го сакам. Ми се допаѓа, бидејќи знам дека може да го подобри нашиот тим, но едно се моите надежи, друго е каква одлука ќе донесат двата клуба, заврши Антонио Конте.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска