Конте го сака Ребиќ во Интер

Од:

Новиот тренер на Интер, Антони Конте многу го цени хрватскиот фудбалер Анте Ребиќ и и дал зелено светло на управата на клубот да го донесе на Џузепе Меаца.

Како што јавуваат италијанските медиуми, Интер е во потрага по засилувањата со кои Конте го услови италијанскиот клуб кога прифати да биде на кормилото на „неразурите“, а освен Ребиќ се наведуваат и Лазаро, Николо Барела и Един Џеко.

За клубот од Милано, Ребиќ би бил второто најскапо засилување со обесштетување од најмалку 40 милиони евра за германскиот Ајнтрахт, каде што моментално игра хрватскиот фудбалер.

Инаку, за Ребиќ Италија е добро позната бидејќи одредено време играше во Фиорентина, а во Интер би дошол од Франкфурт, каде што минатата сезона за екипата на Ајнтрахт постигна 10 голови.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска