Џоана Конта од Велика Британија е победничка на ВТА турнирот во Сиднеј. Таа во финалето беше подобра од втората носителка Агнешка Радванска од Полска со 2:0 во сетови (6:4 и 6:2) за еден час и 23 минути игра.
Конта која е десетта на ВТА листата освои 470 бодови и парична награда од 133.000 долари. Поразената Радванска која е трета на ВТА листата, ќе добие 70.000 долари и 305 ВТА поени.
На Британката ова и е втора ВТА титула во кариерата.