На Европско кадетското првенство за ракометарки до 17 години што се одржува во Скопје, комплетирано е второто коло.
Во групата А, која остана со пет репрезентации откако Грција беше исфрлена од шампионатот, вчера се одигра само мечот Македонија – Швајцарија 24:24. Од истата причина на останатите четири кои требаше да играат против грчката селекција сега веќе им се впишани бодовите од службените победи.
Така на табелата со по четири бодови на првите три позиции се Полска, Македонија и Швајцарија, која има меч повеќе, додека селекцијата на Фарски Острови е четврта со два бода.
Во групата Б, ракометарките на Израел славеа над Косово со 29-26, а Бугарија беше убедлива против Исланд со 24-19.
На табелата водечки со по 4 бодови се Словенија и Бугарија, а по два имаат Израел и Косово, додека Исланд е последен без освоен бод.
Денеска на првенството е слободен ден, а утре ќе се играат нови четири средби, меѓу кои и дуелот Македонија – Фарски Острови, кој е предвиден за терминот од 19 часот.