Комплетирано 16.коло во Серија А

Од:

Со одигрувањето на натпреварите Сампдорија – Удинезе 0:2 и Болоња – Лацио 0:0, синоќа беше комплетирано 16. коло во Италијанското фудбалско првенство.

Двата гола на средбата во Џенова, гостите од Удине ги постигнаа во првото полувреме. Стрелци беа Данило во 17.минута и Антонио Ди Нателе во 28. минута.

На мечот во Болоња немаше голови, но имаше едно исклучување. Во 86.минута поради втор жолт картон исклучен беше играчот на Лацио Либор Козак.

Резултати на натпреварите од 16.коло од Серија одиграни викендов: Аталанта – Парма 2:1, Рома – Фиорентина 4:2, Каљари – Киево 0:2, Палермо – Јувентус 0:1, Пескара – Џенова 2:0, Сиена – Катанија 1:3, Торино – Милан 2:4 и Интер – Наполи 2:1.

Табела: Јувентус 38 бодови, Интер 34, Наполи 33, Рома 29, Фиорентина 29, Лацио 29,.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска