Компани: Бернардо Силва е 50 отсто кловн и 50 отсто лидер

Од:

Капитенот на Манчестер Сити, Винсент Компани, го откри својот став кон соиграчот Бернардо Силва. Белгиецот неодамна постигна важен гол за „граѓаните“, кој помогна да се освои титулата во Премиер лигата.

– Бернардо? Често велам дека Силва е 50% кловн и 50% лидер. Можам да додадам дека кога Португалецот ќе биде 25% кловн и 75% диригент на тимот, тој ќе стане капитен на Манчестер Сити. Зборуваме за многу силен играч. Искрено, не знам кој ја заслужува капитенската лента повеќе од него, изјави Компани, цитиран од „РМЦ“.

Силва стана „граѓанин“ во 2017 година. Тој се пресели на „Етихад“ од Монако. Португалецот стана двапати шампион во Англија со Манчестер Сити, освои две Лига Купа и еднаш триумфираше со Суперкупот на земјата.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска