Комитите немаат дозвола да одат во Битола

Од:

Секторот за внатрешни работи Битола, врз основа на направените проценки во подготвителниот период, смета дека треба да се донесе забрана за организирано носење навивачи на гостинската екипа.

Сето тоа со цел да се попречат можни нарушувања на јавниот ред и мир од поголем обем на натпреварот помеѓу ФК „Пелистер“ и ФК „Вардар“, кој ќе се одигра во рамки на 1/4 финалето на Купот на Македонија на 07.11.2012 година.

Барањето, соопшти денсека МВР, се базира и на ставот на Фудбалската федерација на Македонија која го прогласи за натпревар од зголемен ризик.

Проценката е донесена, по претходна анализа на инцидентите кои се случија пред, за време и по одигрувањето на натпреварот во Скопје на 30.09.2012 година, помеѓу ФК Вардар и ФК Пелистер, кога беа регистрирани повеќе судири помеѓу двете навивачки групи и беше предизвикана значителна материјална штета.

СВР Битола, располага со одредени сознанија кои упатуваат на ризик од можни нарушувања на јавниот ред и мир од поголем обем за време на одржувањето на натпреварот, а имајќи ја предвид настанатата тензија помеѓу фановите на двете навивачки групи можни се нарушувања на ЈРМ и пред отпочнувањето на натпреаврот, како и по неговото завршување.

Оттаму, во интерес на безбедно одигрување на натпреварот, како и заштита на имотот и личната сигурност на граѓаните, СВР Битола препорачува натпреавот да се одигра без гостинска публика.

Полицијата ќе ги превземе сите неопходни мерки за спречување на посериозни инциденти и санкционирање на виновниците и апелира љубителите на фудбалот спортски да навиваат и да го почитуваат јавниот ред и мир.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска