Колумбиската престолнина забрани натпревари од Копа Либертадорес и Судамерикана поради Ковид-19

Од:

БВластите во Богота забранија одигрување на два натпревари од јужноамериканските клупски натпреварувања, Копа Либертадорес и Судамерикана, кои се на распоредот оваа недела, поради високиот број заразени со коронавирус во главниот град на Колумбија.

Според некои извори, натпреварите, најверојантно, ќе се играат во внатрешноста на Колумбија.

Колумбиската престолнина прогласи вонредна состојба поради исклучително влошената здравствена состојба во градот,, што доведе до забрана на „спортски активности, вклучувајќи ги и професионалните фудбалски натпревари“.

Двата натпревари на кои се однесува забраната се мечот од Копа Либертадорес меѓу Санта Фе и Флуминенсе, закажан за в среда, и дуелот меѓу Еквидад и Арагуа во рамки на Судамерикана, што треба да се игра в четврток.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ