Вториот носител на УС Опен, Рафаел Надал продолжува со одличната игра, овој пат успеа да го победи беспомошниот Хрват Иван Додиг со 6:4, 6:3, 6:3.
Тој повторно не допушти брејк и така е единствениот тенисер кој го нема изгубено својот сервис од почетокот на турнирот.
Со овој успех Рафа е во 1/8-финалето ќе се сретне со Германецот Филип Колшрајбер, кој го победи изненадувачки претставникот на домаќините Џон Иснер. Резултатот на крајот беше 4:6, 6:3, 5:7, 6:7.