Коларов нема намера да игра за Црвена звезда

Од:

Дефанзивецот на Рома, Александар Коларов, ја отфрли можноста да се врати во Србија и да го облече дресот на Црвена звезда. Тој е дете на „црвено-белите“, но никогаш не заигра за сениорите. 33-годишниот лев бек, сепак, планира да ја заврши кариерата во странство.

– Црвена звезда е одличен клуб, каде играв како дете. Сепак, немам амбиција да се вратам во српскиот фудбал. Планирам да ја завршам кариерата во странство, рече Коларов.

Договорот на Коларов со Рома завршува летото, но „волците“ се надеваат дека ќе го убедат повторно да потпише до 2022 година.

Во моментов, сепак, дефанзивецот не брза со одлуката и ќе почека до крајот на сезоната.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска