Кокошков: Срам ми е што не го научив словенечкиот јазик

Од:

Српскиот кошаркарски стручњак Игор Кокошков кој ја предводеше Словенија до титулата европски шампион изјави дека единствена работа од која се срами за времето поминато на селекторската позиција е тоа што не научил да зборува словенечки.

– Словенија ми даде многу. Денес, дефинитивно сум подобар тренер од пред да дојдам на селекторското место. Срамно е што не го научив вашиот јазик. Признавам дека не сум талентиран во јазици, тоа ми е минус, не сум полиглота, изјави Кокошков за словенечките медиуми.

Тој е третиот странец како селектор што и обезбедува медал на една словенечка репрезентација на големите натпреварувања. Пред него Андреа Џани со одбојкарите стигна до сребрениот медал на Европското првенство, додека Веселин Вујовиќ со ракометната селекција го освои бронзениот медал на Светското првенство.

Кокошков веднаш по завршувањето на Евробаскетот соопшти дека ќе ја напушти селекторската функција во Словенија, бидејќи НБА клубот Јута каде што тој работи нема да му дозволи во текот на ФИБА „прозорите“ да ја води репрезентацијата во квалификациите за Светското првенство.

– Ситуацијата во европската кошарка е таква каква што е. Сопствениците на Јута нема да ме пуштат во текот на сезоната, но во исто време тие ги разбираат и ги почитуваат моите резултати. Се радуваат на моите успеси, а јас се враќам во клубот како подобар тренер со нови искуства и знаења, додаде Кокошков.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ