Кога последен пат Андреа Пирло загубил?

Од:

„Кој го знае одговорот – лаже”, велат неговите обожаватели. И најчесто тие се во право.

Датум и место: 18 декември 2010 година Милано, Сан Сиро стадион:

Фудбалерите на Милан беа поразени од Рома на домашен терен, во натпревар од 17. коло од Серија А, единствениот гол на натпреварот го постигна Марко Бориело.

Точно 53.769 гледачи отидоа дома среќни или разочарани, но не знаеја дека таа вечер е напишана историјата на модерниот италијански фудбал:

Андреа Пирло го загуби својот последен натпревар.

Пирло минатата сезона, со Јувентус  не загуби натпревар во Серија А, а во финалето на Купот не играше  кога Јувентус беше поразен од Наполи.

Почнаа и шеги на негова сметка:

„Кога топката од Андреа Пирло ќе ја промаши целта, тоа е само затоа неговиот план беше премногу софистицирани за главите на останатите”, „Последниот човек што го видел Андреа Пирло како губи – лаже”.

Се разбира и неговата брада ја споредуваат со брадата на Чак Норис.

Висенте дел Боске, селекторот на Шпанија, европскиот шампион, рече дека Андреа Пирло би можел лесно да победи во изборот за Златната топка на „Франс Фудбал”.

Би можело да ве интересира

Џеко ќа ја напушти Рома поради конфликт со тренерот

Ана Ололовска

Роналдо за победата против Болоња: Многу важна победа, Јувентус е на добар пат

Ана Ололовска

Гасперини: Каде и да оди Гомез, му посакувам се најдобро

Ана Ололовска

Манџукиќ официјално стана играч на Милан

Ана Ололовска

Озил во Фенербахче, Манџукиќ во Јувентус

Ана Ололовска

Ибрахимовиќ: Донарума е најдобар голман на светот

Ана Ололовска

Leave a Comment

nine − one =