Кочов: Шансата за враќање во АБА лигата ја пропуштивме во Скопје

Од:

Тренерот на македонскиот вицешампион МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов, по вечерашниот пораз од Задар (86-75) во мајсторката во баражот за пласман во АБА лигата, изјави дека шансата за враќање во елитното регионално кошаркарско натпреварување ја пропуштиле на претходниот натпревар во Скопје.

– Честитки на кошаркарите на Задар за денешната победа и триумфот во серијата. Шансата за враќање во АБА лигата ние ја пропуштивме на претходниот дуел во Скопје. Вечерва многу ни недостигаше Бојиќ. Нивната игра под кошот ни создаде многу проблеми. Успевме да се вратиме и да влеземе во егал-завршница, но немавме сили за пресврт, изјави Кочов.

МЗТ Скопје веќе од утре треба да размислува за битката за титулата во домашното првенство, во која треба да се соочи со својот најголем ривал – Работнички.

Би можело да ве интересира

АБА 2: МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер го дознаа распоредот за јануарскиот „балон“

А1он

МЗТ запиша гостинска победа против Слобода

МЗТ Скопје се пласираше во финалето на АБА-2!

Ана Ололовска

МЗТ брка победа против Спарс за пласман во финалето на АБА-2

Ана Ололовска

МЗТ поведе против Спарс во полуфиналето на АБА-2 лигата

Ана Ололовска

Кочов: Се надевам дека играчите ќе дадат максимум и ќе се вратиме со победа во Скопје

Ана Ололовска