Кочов: Само со борбена игра може да се надеваме на триумф во Задар

Од:

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром попладнево ќе му гостуваат на Задар во првиот натпревар од баражот за влез во АБА-лигата, во кој ќе бркаат „брејк“ кој ширум би им ги отворил вратите за враќање во елитното јадранско друштво.

Тренерот Ѓорѓи Кочов бара борбена игра за да се направи успех кај фаворитот.

– Задар е одлична екипа со квалитетни поединци, кои имаат големо искуство. Натпреварот ни доаѓа во незгоден момент, по период на средби според НБА-ритам, но верувам дека сите во мојот тим ја знаат важноста на овој дуел и дека ќе дадат и повеќе од максимум, како во напад така и во одбрана. Само со таков борбен пристап ќе може да се надеваме на позитивен исход на гостувањето кај тим каков што е Задар, изјави Кочов, за клупскиот сајт.

Натпреварот почнува во 17 часот и е прв од серијата до две победи.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Стартува новата сезона во АБА лигата

Ана Ололовска

МЗТ Скопје рано ги заврши настапите во АБА 2 лигата

Ана Ололовска

МЗТ Скопје со пораз го заврши АБА 2 турнирот во Сараево

Ана Ололовска