Кочов и следната сезона ќе го предводи МЗТ Скопје

Од:

Тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов и следната сезона ќе седи на клупата на тимот од Аеродром. За 34-годишниот тренер ова ќе биде втора сезона која ја почнува како предводник на „металците“ со кои ја освои титулата во домашниот шампионат.

Инаку Кочов е шестиот стратег кој успеал да го донесе трофејот во „Јане Сандански“ (по Тодоров, Пипан, Мартич, Јончевски и Назор) и само четвртиот тренер во Македонија кој може да се пофали со триумф во домашното првенство и како играч и како предводник од клупата.

– Останувањето на Кочов е потврда на заложбата на клубот за продолжување на стратегијата за форсирање на млади македонски кошаркари, кои и во следниот период ќе добијат шанса за промоција и за напредување, соопштија од тимот.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ