По пауза од десет месеци поради повреда, на теренот се врати еден од најдобрите кошаркари во светот и член на Лос Анџелес Лејкерс Коби Брајант.
Тој на дуелот со Денвер постигна 13 поени во победата на својата екипа со 98:85.
Брајант имаше шут од игра 5 од 12 и 5 скокови, а враќање на теренот имаше Стив Неш со 11 поени и 5 асистенции.
Ова беше еден од подготвителните дуели на НБА тимовите во пресрет на новата сезона.
Покрај овој натпревар играа уште: Вашингтон – Чикаго 85:81, Бостон – Филаделфија 98:78, Атланта – Њу Орлеанс 93:87.
Поради повредата на носот добиена минатата недела за Атланта не настапи македонскиот кошаркар Перо Антиќ.