Клубот Баерн од Минхен ќе ги казнува играчите доколку не возат Ауди

Од:

Германските медиуми пренесуваат дека Баерн Минхен ќе ги казнува своите фудбалери со 50.000 евра ако некој од нив биде фатен да вози автомобил што не е од палетата на Ауди.

Автомобилскиот гигант има спонзорски договори и со Реал Мадрид и со Барселона и нивните играчи се придржуваат до упатствата и возат производи на спонзорот што не е случај кај Баварците.

„Билд“ пишува дека Роберт Левандовски низ Баварија вози со Бентли, Суле во Ферарим, а Боатенг во Мерцедес.

Казните неодамна ги најави спортскиот директор на Баварците, Хасан Салихамиџиќ.

Баерн Минхен има спонзорски договор со Ауди од 2006 година.

Компанија, патем, е сопственик на осум отсто од акциите во клубот во кој насочува и огромна сума на финансиски средства. Како последица на тоа, фудбалерите добија автомобили од Ауди и должни се да ги возат, но голем дел од нив не се придржува до клупските препораки, па оттука и најавените казни.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ