Клоп за ремито со Евертон: Доминиравме, веројатно најдобриот натпревар на Ливерпул на гости со мене

Од:

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги сумираше впечатоците по денешниот натпревар од 5. коло во Премиер лигата со Евертон (2:2).

– Играта беше одлична, врвна и добра за двата тима. Доминиравме против тим полн со самодоверба и со јасен план. Ова е веројатно најдобриот натпревар на гости откако сум во Ливерпул. Видов навистина добра изведба. Би бил посреќен ако победевме, но сакав да го видам одговорот и да го видам тимот што бевме порано. Можевме да победиме, но неколкуте спорни моменти досудени против нас пресудија да дојдеме само до бод.

Навистина ми се допадна како игравме против толку добар тим, рече Германецот во интервју за „BT Sport“.

Евертон и Ливерпул се на првите две места во Премиер лигата по пет одиграни натпревари.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска