Клоп призна дека не му се допаднал Мане на нивната прва средба

Од:

Менаџерот на европскиот и светски клупски шампион Ливерпул – Јирген Клоп, призна за британски „Дејли мејл“ дека не му се допаднал напаѓачот Садио Мане на нивната прва средба пред многу години, кога Сенегалецот беше во Салцбург, а Клоп во Борусија Дортмунд.

– Се сетив на нашата прва средба со Садио.Тој беше во Дортмунд.Тој беше навистина младо момче што стоеше таму. Неговата бејзбол капа беше намерно ставена на криво и ја имаше таа руса црта на косата, што ја има сега. Тој беше како рапер,кој само што започнуваше, вели Клоп.

Тој вели дека не сакал да го земе во својот состав во тој период.

– Нашиот тим не беше лош тогаш. Ми требаше некој што може да издржи да не биде стартер уште од почеток, некој што би можел да го развивам. Јас би рекол дека имам многу добар прв впечаток за луѓето, но тогаш згрешив. Ја следев неговата кариера после тоа и тој продолжи со успеси во Салцбург. Во Саутемптон тој едноставно доминираше, рече менторот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат