Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп очекува Порто да пружи силен отпор во реванш натпреварот во осминафиналто од Лигата на шампионите.
Ливерпул на првата средба славеше со 5:0, но според германскиот стручњак и покрај овој резултат нема простор за опуштање и потценување на противникот.
– Ова не е натпревар за одмор, истакна Клоп и додаде дека се уште размислува за составот со кој ќе настапат.
Тренерот на Ливерпул по однос на мечот против Манчестер Јунајтед во Премиер лигата нагласи дека тој не смее да има приоритет во однос на Порто.
Реванш натпреварот се игра утре во Ливерпул.