Клоп: На теренот видовме тим од највисоко ниво

Од:

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, беше презадоволен од играта на неговите избраници на денешното дерби со Манчестер Јунајтед.

– Воодушевен сум од нашата игра. Начинот на кој денес играа момците е неверојатен. Нашиот план беше да ги поврземе редовите. Првиот гол беше како нацртан. Денеска на теренот гледавме тим од највисоко ниво, изјави Клоп.

Надеж за титулата? Денес игравме против Манчестер Јунајтед, не мислевме на трофејот. Сакавме да победиме на натпревар кој беше многу тежок. Знаеме дека сме добар тим. Денес успеавме тоа да го докажеме, ние ќе продолжиме да го докажуваме тоа, додаде германскиот стручњак.

Во дербито на 17.коло од Премиер лигата Ливерпул го победи Манчестер Јунајтед со 3:1 и се врати на првото место на табелата со 45 бода, еден повеќе од Манчестер Сити.

Би можело да ве интересира

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Ливерпул го освоија англискиот Лига куп

ВИДЕО: Огромен пожар во Ливерпул, се запали зграда која може да се урне

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски

Сензација на повидок: Мбапе во Ливерпул

Предраг Петровиќ