Клоп: Мислам на моите играчи дури и кога спијам

Од:

Менаџерот на европскиот и светски клупски шампион Ливерпул – Јирген Клоп, зборуваше за состојбата со фудбалот во Англија. Во моментов првенствата се прекинати и играчите на повеќето екипи тренираат индивидуално дома. Тимот од Мерсисајд не е исклучок, но Клоп признава дека одржува контакт и размислува за нив цело време.

– Освен кога спијам, размислувам за нив цело време. Всушност, веројатно и кога спијам, размислувам за овие момци. Не сакам да го сторам тоа, тоа едноставно се случува затоа што има толку многу информации што ги имаме. За мене, најважно е играчот да е во најдобра форма кога треба. Ние се обидуваме да го добиеме тоа преку правилна диета, тренинзи и тактики. Но, сега, секој е дома поради ситуацијата. Тоа е нормалниот живот, но тоа влијае на перформансите, рече германскиот стратег.

Клоп додаде дека не се преправал дека го интересираат неговите играчи, но всушност, затоа што треба да ги познава и да знае секој од нив на кој начин се мотивира. Тој, исто така, ја истакна комуникацијата како еден од најважните фактори.

Би можело да ве интересира

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Ливерпул го освоија англискиот Лига куп

ВИДЕО: Огромен пожар во Ливерпул, се запали зграда која може да се урне

Катерина Ѓуровски

Јирген Клоп го напушта Ливерпул на крајот од сезоната

Горан Наумовски

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски