Клоп ја оцени програмата на Ливерпул како „невозможна“

Од:

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ја нарече „невозможна“ програмата на тимот во следните 12 дена.

Циклусот натпревари за „црвените“ стартува утревечер со дуелот против Челзи од 3-тото коло во Лига Купот. Три дена подоцна двата тима се среќаваат уште еднаш, веќе во Премиер лигата, каде Ливерпул се лидери на табелата со 6 победи од 6 натпревари. Следната недела, фудбалерите на Клоп играат важен натпревар против Наполи во Лигата на Шампионите (3-ти октомври), а на 7-ми октомври доаѓа и дербито со актуелниот шампион на Англија – Манчестер Сити.

– Ако ги ставиме на маса Лига Купот, ФА Купот и европските турнири … Во ФА очигледно се надеваат да нема да има тим, кој ќе продолжи напред на сите фронтови, затоа што едноставно ќе стане невозможно, изјави германскиот тренер.

Тој потоа одговараше на прашања за утрешниот дуел во Лондон и стартниот состав на кој ќе се потпре, а одвои доста време за резеврата Мињоле.

– Единствениот пост, за кој можам да потврдам (пред утрешниот натпревар), е голманскиот – Симон Мињоле ќе биде стартер. Ставот на Мињоле е брилијантен. Можете да замислите како стојат работите – трансфер прозорецот е еден од двата моменти од годината кога можете да донесувате одлуки. Да, Мињоле беше подготвен да оди во друг клуб каде што ќе биде број 1. Тоа беше јасно. Сепак, не успеавме да направиме таков договор и тоа не влијаеше на него на ниеден начин. Тој тренира фантастично изаслужува да игра утре. Среќен сум што можам да му дадам шанса, изјави Клоп.

Би можело да ве интересира

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Ливерпул го освоија англискиот Лига куп

ВИДЕО: Огромен пожар во Ливерпул, се запали зграда која може да се урне

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски

Сензација на повидок: Мбапе во Ливерпул

Предраг Петровиќ