Клоп го спореди Кутињо со Дел Пјеро

Од:

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека Баерн Минехен се стекнал со силен играч мислејќи на Филипе Кутињо. Бразилецот од 2013 до 2018 година играше за „црвените“.

– Баерн доби доминантен играч кој може да му помогне на тимот, а може да биде и клучен. Секако, не веднаш, но на крајот клубот ќе добие одличен играч. Во Ливерпул, тој ретко играше на својата омилена позиција – десетка, но може да одговори и на левата офанзивна страна. Уште од деновите на Алесандро Дел Пјеро, не сум видел играчи кои постигнуваат голови од такви агли и позиции, изјави Клоп.

Кутињо оваа сезона во Баерн ќе игра како позајмен играч. Тој се уште е сопственост на Барселона.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска