Клоп: Ги заслуживме трите бода од дуелот со Челзи

Од:

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп е задоволен од победата над Челси (2:1) во натпреварот од 6. коло на шампионатот на Англија.

Според Германецот, неговиот тим ги заслужил трите бода.

– Првото полувреме беше напорно за нас. Постигнавме два прекрасни гола, можевме да постигнеме веднаш по паузата уште неколку. Заработивме три бода, иако во Лондон тешко е да се победи. Сè уште не сме освоиле ништо, поминаа само шест натпревари. Треба да бидете подготвени за сите ривали. Секој сака да нè победи. И ние треба да го направиме она што мора да го сториме, изјави Клоп.

Ливерпул има одличен старт во премиер лигата со максимални шест победи и 18 бода по првите шест кола.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска