Клоп ги пофали Артета и Арсенал пред дербито

Од:

Tренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги сподели своите очекувања за натпреварот од третото коло во Премиер лигата против Арсенал, предводен од Микел Артета.

Не сум сигурен дали вреди да се спореди овој Арсенал со минатата сезона. Но, Микел Артета очигледно за многу краток временски период покажа дека е исклучителен тренер. Тимот што тој го гради сега – неговата структура – е апсолутно исклучителен.
Можете да видите дека рамнотежата помеѓу одбраната и нападот е добра. Може да видите многу работи што се многу корисни во фудбалот – добра организација, слобода за играчите, користење на играчите на вистинските позиции.

Морам да кажам дека откако Артета е на чело на клубот, тој заврши импресивна работа и, според мое мислење, го смени целото расположение.

Не знам точно какво расположение имаше тимот пред неговото доаѓање, но не мислам дека многумина очекуваа дека на крајот на сезоната тој ќе освои некој трофеј или нешто слично. И тоа го стори со освојување на ФА купот и Суперкупот. Ова е импресивно, морам да кажам. Значи, имаме тежок, тежок, тежок противник. Сто проценти, рече Клоп.

Би можело да ве интересира

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Ливерпул го освоија англискиот Лига куп

ВИДЕО: Огромен пожар во Ливерпул, се запали зграда која може да се урне

Катерина Ѓуровски

Јирген Клоп го напушта Ливерпул на крајот од сезоната

Горан Наумовски

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски