Во НБА лигата синоќа беа одиграни шест натпревари.
Најнеизвесниот натпревар се одигра во Чикаго, каде победникот беше решен по продолжението, а во него Кливленд предводен од Леброн Џејмс и неговите 36 поени, славеше победа на „Булси„ со 114:108.
Градското дерби на Лос Анџелес го добија кошаркарите на „Клиперси„ кои славеа во дуелот против „Лејкерси„ со 111:118 .
Шампионот Сан Антонио загуби на гостувањето во Феникс со 94:89.
На останатите три натпревари постигнати се следниве резултати: Индијана – Мемфис 89:97, Милвоки – Филаделфија 93:81 и Сакраменто – Портланд 103:94.
Ноќеска во НБА лигата ќе се играат нови пет натпревари.