Раководството на Кливленд одлучи да му ја укине суспензијата на навивачот на кого му беше забрането доаѓање на натпреварите на овој клуб.
Момчето кое навива за Клувленд посакувало Леброн Џејмс да се врати во неговиот тим и поради тоа на крајот од минатата сезона втрчало на теренот за време на средбата со Мајами, тимот на Џејмс.
Навивачот на Кливленд носеше маица со порака „Врати се дома 2014“.
Леброн Џејмс изјави дека бил пријатно изненаден од таквиот потег на навивачот.
– Го обожавам тоа момче, рече Џејмс, а неговата изјава веројатно влијаела кај раководството на Кливленд да ја укине суспензијата на навивачот.