„Кит Го“ ремизираше со Тиквеш, „Каменица Саса“ убедлива против Плачковица

Од:

Фудбалерите на пехчевски „Кит Го“ одиграа нерешено со екипата на Тиквеш во рамки на 16 коло од Втората фудбалска лига Исток со што останаа на четвртата позиција на табелата во ова натпреварување. Според информациите од стручниот штаб, поделбата на бодовите е реален епилог по она што се случуваше на теренот.

– Нашата екипа имаше тежок натпревар со многу тензија и борба на теренот. Дарко Алексовски во 11. минута од средбата беше творец на водството. До победата не делеа 8 минути, но кавадарчани успеаја да израмнат со голот на Методија Делов во 82. минута. Ако сумираме се што се случуваше на теренот, можеби реален епилог е ремито, рекоа од ФК „Кит Го“.

Од екипите од крајниот Исток, свој настап денеска имаа и фудбалерите на „Каменица Саса“, кои со 3:0 ја „згазија“, радовишка „Плачковица“ на домашен терен.

-Наши најистакнати поединци беа Гордан Здравков, Марио Станковски и Ненад Нешовски кои беа стрелци на головите во 29, 62 и 72. минута. Секако сето тоа поткрепено со одличната одбрана и добрата игра на средината на теренот, инфомираа кратко по натпреварот од раководството на „Каменица Саса“.

Со новата победа „Каменица Саса“ веќе брои 20 бодови и има седум бодови предност од опасната зона. Во дербито на Истокот, на 14 март 2020г., силите на градскиот стадион во Пехчево ќе ги одмерат токму екипите на „Кит Го“ и „Каменица Саса“.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска