Кирјос се извини за столчето фрлено на теренот

Од:

Контроверзниот австралиски тенисер Ник Кирјос се извини за своето однесување за време на мечот од вториот круг на турнирот во Рим против Норвежанецот Каспер Руд.

– Емоциите се огромни. Жал ми е, се извинувам Рим. Можеби ќе се видиме во иднина, изјави Кирјос.

Во еден момент Кирјос емоционално реагираше на предупредувањето издадено од судијата. Тој го скрши рекетот и фрли стол на теренот, а потоа замина.

За таквото однесување кое се случи при резултат 1-1 во сетови, австралискиот тенисер беше дисквалификуван од судијата и при тоа го очекува парична казна и губење на АТП поени.

Би можело да ве интересира

Мареј се враќа и во „Дејвис купот“

Мареј емотивно реагираше по првата титула по операцијата

Ана Ололовска

Келерер тврди дека Сафин настапувал пијан во финалето на „Австралија опен“ 2002 година

Мареј се враќа на своето старо ниво

Ана Ололовска

Чилиќ го запиша своето име во историјата на тенисот

Ана Ололовска

Федерер ќе игра на Олимписките игри следната година