Кире Лазаров најави пензија на крајот на сезонава

Од:

Капитенот на ракометната репрезентација и македонска спортска легенда, Кире Лазаров, изјави во интервју за „Вечерњи лист“ дека претстојната сезона ќе му биде последна во кариерата.

– Имам договор на уште една година и мислам дека тоа ќе биде крајот, нема повеќе смисла. Ќе останам во спортот како тренер, изјави 40-годишниот Лазаров.

Тој потврди дека до крај ќе биде на располагање за нашата репрезентација.

– Кога веќе играм за Нант ќе играм и за македонската репрезентација, посочи легендарниот бек.

Тој со 1.306 голови е прв на листата на најдобри стрелци во Лигата на шампионите на сите времиња, далеку пред Никола Карабатиќ, кој има постигнато 1.038 голови. Четирикратниот Најдобар спортист на Македонија има одиграно вкупно 237 натпревари за националниот тим.

Би можело да ве интересира

Ракометарите на чекор до ЕП – важна победа над Швајцарија

Македонија тргна со победа, убедлив триумф над Финска

Катерина Павлова-Николовска

РФМ: Сите тестови на играчите и стручниот штаб се негативни

Почина поранешниот југословенски ракометен репрезентативец Златко Портнер

Ана Ололовска

Металург го победи Криенс во салата „Јане Сандански“

Жарко Настоски

Германски медиуми: Филип Лазаров позитивен на Ковид-19

А1он