Кинеските газди одбија 750 милиони евра за продажба на Интер

Од:

Понудата во висина од 750 милиони евра на англискиот инвестициски фонд „БиСиЦ Партнерс (BC Partners)“ за купување на мнозинскиот пакет акции во калчолигашот Интер е одбиена од кинеските сопственици, јавија италијанските медиуми.

Според информациите на „Тутоспорт“, кинеската групација Сунинг Холдинг (Suning Holdings Group) во чија сопственост е италијанскиот прволигаш, настојува да добие една милијарда евра за да го отстапи доминантниот пакет акции во клубот.

Весникот „Газета дело Спорт“ објави дека преговорите со англискиот инвестициски фонд, како и со уште четири други компании заинтересирани за купување на Интер ќе продолжат, бидејќи кинеските сопственици се одлучни во намерата да задржат само 31 отсто од акциите.

Пандемијата на Ковид-19 исклучително негативно се одразува врз работењето на компанијата „Сунинг“, која го купи Интер во 2016 година од индонезискиот бизнисмен Ерик Тохир.

Би можело да ве интересира

Кулибали може да го напушти Наполи доколку тимот не се пласира во ЛШ

Ана Ололовска

Јувентус потроши над 20 милиони евра на агенциски такси во 2020 година

Ана Ололовска

Интер го претстави новиот амблем

Ана Ололовска

Милан му нуди на Донарума договор со плата од осум милиони евра

Ана Ололовска

Иско може да ја продолжи кариерата во Интер

Ана Ололовска

Ибрахимовиќ постави нов рекорд во Серија А

Ана Ололовска