Српската тенисерка Јелена Јанковиќ, се пласира во осмина финалето на Отвореното првенство на Кина во Пекинг, откако утрово ја совлада Галина Воскобојева од Казахстан со 6-3, 5-7, 6-3.
Противничка на најдобрата српска тенисерка во мечот за влез во четвртфиналето е Карла Суарез Наваро од Шпанија, која што вчера извојува победа над американката Лорен Дејвис. Наградниот фонд на турнирот во Пекинг изнесува 5.186.625 долари.
Елена Георгиевска