Кина: Омикрон може да ја отежни организацијата на Зимските олимписки игри

Од:

Кина денеска призна дека Омикрон, новата варијанта на коронавирусот, може да донесе дополнителни тешкотии во организирањето на Зимските олимписки игри во Пекинг, но ја повтори својата верба во успехот на Игрите.

dobivaj vesti na viber

– Тоа сигурно ќе донесе некои предизвици во борбата против пандемијата. Но, Кина има искуство во оваа област и јас сум апсолутно сигурен дека Зимските олимписки игри ќе поминат непречено и како што е планирано, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан.

Кина во голема мера ја контролираше епидемијата на своја територија благодарение на строгите мерки: многу строги ограничувања на меѓународните летови, задолжителен карантин по пристигнувањето, изолација на случаи на контакт идентификувани благодарение на апликациите за следење патувања.

Животот се врати во нормала пролетта минатата година, а земјата сè уште се соочува со појава на мали, спорадични жаришта.

Игрите во Пекинг ќе се одржат во „балон“ од кој нема да можат да излезат околу 2.900 спортисти, а на трибините нема да има навивачи од странство

Зимските Олимписки Игри ќе се одржат од 4 до 20 февруари 2022 година.

Би можело да ве интересира

СЗО очекува „високи нивоа“ на Ковид-19 во текот на летото

А1он

На грчките острови Миконос и Милос позитивни над 50 отсто од направените тестови за Ковид-19

А1он

Во Албанија 550 нови случаи со Ковид-19, највисок број во последните три месеци

А1он

Над 20.000 нови случаи на Ковид-19 во Грција

А1он

ЕУ ја продолжи употребата на сертификатот за Ковид-19 до јуни 2023 година

Ана Ололовска

Кина ги преполови карантинските денови за патниците кои пристигнуваат од странство

Ана Ололовска