Кимих постави рекордот во Баерн по истрчани километри

Од:

Одбранбениот фудбалер на Баерн Минхен, Џошуа Кимих постави клупски рекорд, објави „Opta“.

Дваесет и петгодишен Германец на натпреварот од 28. коло од Бундеслигата против Борусија одигран вчерашвечер во Дортмунд, истрча 13,73 км. Кај играчите на баварскиот клуб ова е најголем резултат во дадената статистичка категорија.

Воедно, Кимих го постигна единствениот гол на натпреварот по кој Баерн ја зголеми предноста во однос на Борусија Дортмунд на врвот на табелата на седум бода.

Оваа сезона Кимих има 39 натпревари на сите натпревараувања, постигнато четири гола и направено шест асистенции.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска