Ракометарите на Кил обезбедија пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Германскиот тим вечерва пред својата публика го совлада унгарскиот претставник ПИК Сегед со седум голови разлика 36-39, со што ја анулира негативата од четири гола (29-33) од првиот меч.
Со тоа Кил им се приклучи на Барселона и ПСЖ екипи кои со освојувањето на првите места во групите, директно обезбедија пласман во четвртфиналето.
Останатите реванш осминафинални натпревари ќе се играат претстојниот викенд.
Македонскиот првак Вардар реванш дуелот против Висла Плок ќе го игра в сабота од 18 часот во СРЦ Кале. Првата средба во Полска заврши без победник 30:30.
Во сабота ќе се играат и натпреварите, Киелце – Мешков Брест (32:28 прв меч) и Веспрем – Моторот Запорожје (29:24).
Двојките за во недела се, Фленсбург – Монпелје (28:27) и Рајн Некар Ловен – ППД Загреб (24:23).